Се известуваат сите граѓани дека ЈП “Исар” започнува со акција на откривање и исклучување на нелегално приклучени корисници на водоводната мрежа.
Ваквите активности се во насока пред се на зголемување на свеста на граѓаните поради самиот факт што со нелегалното приклучување на водоводната мрежа се нанесува директна штета на системот за водоснабдување и квалитетот на водоснабдувањето за сите корисници кои легално се приклучени и плаќаат сметки за вода.
Поради тоа ги повикуваме граѓаните на одговорно однесување, отстранување на дивите приклучоци и истите регуларно да си поднесат барање за приклучок на водоводната мрежа.
Акцијата во координација со останатите институции ќе започне веднаш и ќе се спроведува во текот на целиот период се до нормализирање на состојбата и растеретување на водоводната мрежа од ваквите нелегални приклучувања од страна на граѓаните.
Дополнително се известува јавноста дека во насока на заштита на зелените површини и водата за пиење, од страна на градежни инспектори се евидентирани објекти во изградба – дивоградби во зоната на заштитени води и истите ќе бидат отстранети.
Градењето на бесправните објекти во зоната на заштитените води претставува сериозна опасност која доведува до ризик за загадување на водата за пиење и од тие причини екипите се веќе на терен и нема да се дозволи да се загрози безбедноста на водата за пиење и здравјето на граѓаните.