Општинскиот штаб за заштита и спасување ги донесе следните заклучоци:
Започнуваме со таргетирана дезинфекција на повеќе локации:
Пред сите текстилни компании
Автобусите и останатите превозни средства во кои се превезуваат текстилните работници и работнички
Угостителски објекти кои имаат потреба од поддршка за дезинфекција пред нивните локали
од денес волонтерите на Општина Штип започнуваат со акција на делење на заштитни маски пред текстилните фабрики.
Ги повикуваме сопствениците на транспортните компании и сопствениците на угостителските објекти кои имаат потреба од поддршка во дел на дезинфекција на објектите, да се обратат до Општински штаб за заштита и спасување со цел подобра координација во наредните активности.
Командантот на штабот Благој Бочварски упати апел до граѓаните , да бидеме внимателни и дисциплинирани во наредниот период, со цел поголема заштита на сите нас.
Институциите ќе ги превземат своите активности, потребна е поддршка од секој еден граѓанин и секоја компанија.