Општина Штип инвестираше во неколку реконструкции во основното училиште Ванчо Прќе. Се работи за изградба на затворен балон – игралиште за потребите на учениците, инвестиција која чини 2,1 милион денари, дополнително изградена е отворена училница, нови компјутери, смарт табли, лед телевизори, реконструкција на тоалети и нова железна ограда.
Градоначалникот Благој Бочварски заедно со директорот на училиштето извршија увид во градежните активности.
„Инвестиравме во вистинските потреби на учениците и наставниот кадар во ова основно училиште. Инвестирани се вкупно околу 4,7 милиони денари.
Затворениот балон е убав објект за учениците да се развиваат во вистински правец,“ кажа Бочварски.
Директорот на училиштето изрази благодарност до Општина Штип за одвоените средства за ова училиште.