Градоначалникот денес изврши увид во градежните активности за изградба на локалниот пат с. Шашаварлија – с. Кошево – с. Почивало.
Жителите од овие села, конечно за кратко време ќе може да го користат овој пат. Овој локален пат ќе биде изграден по сите стандарди, каде меѓу другото предвидено е изработка на банкина, изработка на земјана канавка за одводнување.
Изградбата на делницата е од 500 метри, а средствата во висина од 2.644.950 денари се обезбедени од Бирото за Рамономерен Регионален развој и Општина Штип.