Градоначалникот на Општина Штип, Д-р Сашко Николов изврши увид во градежните активности во СОУ “Славчо Стојманески “.
Оваа година во СОУ ” Славчо Стојменски ” од буџетот на Општина Штип се вложени 6.800.000,00 денари, од кои за реконструкција на спортското игралиште во склопот на училиштето се инвестирани 2.800.440,00 денари.
Набавени се наставно образовни помагала во висина од 1.400.000,00 денари, со што училиштето е обезбедено за дигитален вид на настава.
Извршена е демонтажа на дотраена подна површина на 12 уличици со поставување на нов паркет и ламинат во висина од 1.230.00,00 денари.
Извршена е и набавка и монтирање на нови прозорци со што целото училиште е обновено заради поголема енергетска ефикасност.
Оваа инвестиција е во висина од 341.000,00 денари.
Во сите училишта се променети старите неонски светилки и се поставени нови лед диоди и лед панели со штедливост до 50% за разлика од претходните неонски светили и инвестицијата е во висина од 565.160,00 денари.
Набавен е и нов мебел во висина од 100.000,00 денари, а исто така е обновено и библиотечниот фонд со 300 нови примероци на лектири и дела во висина од 90.000,00 денари.
Со овие инвестиции значително ќе се подобрат условите за учење на учениците и престој на наставниот кадар.