Општина Штип продолжува со изградба на конзоли на река Отиња и проширување на ул.Васил Главинов.
Градоначалникот на Штип, Иван Јорданов изјави дека денес надлежните екипи се на терен со цел отпочнување со градежни активности на потегот од гимназијата „Славчо Стојменски” до основното училиште ,,Ванчо Прќе”.
Нашата цел е проширување на двете најпрометни улици во централното градско подрачје, а со тоа и решавање на сообраќајниот метеж.