Штип до крајот на годината ќе добие модерен и репрезентативен стадион со категоризација за натпревари и од највисок ранг.
Денес се започнува со внатрешно уредување и изведба на нова пристапна улица и нов влез со дополнителни паркинг места, а според динамиката на градежните работи до почетокот на новата сезона се очекува да биде завршена западната трибина.
Општина Штип ќе ги изврши сите неопходни активности за изградба и на источната трибина за градскиот стадион да биде по сите европски стандарди со што Штип ќе биде спремен да пречека големи фудбалски клубови и имиња.