Штипјани активно се вклучуваат во НОБ. Во екот на Втората светска војна во отпорот против фашизмот се вклучуваат околу 2000. При тоа околу 814 лица ги загубиле животите од кои 88 во директен судир со непријателот. Во чест на загубените животи во 1974 год. тогашното Собрание на Општина Штип подигна Меморијален споменик на паднатите борци во НОБ. Споменикот е идејно решение на архитектот Богдан Богдановиќ и истиот се наоѓа на источната страна на Исарот.
СПОДЕЛИ