Конфликтот од 2001 год. остави три Штипски семејства без своите храбри синови. На 4 март 2001год., капетанот Кирчо Димитровски (33) загина во реонот на село Танушевци. Беше оженет и зад себе остави два сина.
На 3 мај 2001 год. околу 5:40 часот припадници на АРМ во село Ваксинце, Кумановско, влегоа во заседа од група терористи. Во престрелката смртно беа ранети двајца војници. Загинаа Димитар Двојаковски (29), војник по договор, оженет и татко на еден син и Влатко Петров (24), војник по договор од село Чардаклија, штипско.
Општина Штип никогаш нема да ги заборави своите синови, кои загинаа за мирот и безбедноста на Македонија. Во месноста Суитлак и во Штипската касарна беа подигнати споменици во нивна чест.
