Денеска на 10.03.2021 г. со почеток од 12:00 часот се одржа состанок на Општински штаб за заштита и спасување, присутни беа началникот Никола Тушев, помошник на началникот за згрижување и евакуација, Сашо Протогеров, помошник на началникот за заштита и спасување, Тони Атансаов, помошник на началникот за заштита и спасување од поплави, Живко Тасев, извршител администратор, Александар Лазаров, директорка на Центарот за јавно здравје, Д-р Марија Димитрова, директорката на Здравстен дом Панче Караѓозов, Д-р Снежана Трајковска.
Поради оправдано отсуство на командантот Д-р Сашко Николов, тој присуствуваше на состанокот онлајн, преку апликацијата Вибер.
Општинскиот штаб за заштита и спасување ги донесе следните одлуки:
– Усвојување на записник од претходната седница одржана на 30.10.2020 година. Членовите на штабот едногласно го усвоија записникот.
– Анализа на актуелната состојба со Ковид 19 кризата во Општина Штип. Од почетокот на пандемијата, заклучно со 09.03.2021 година, Општина Штип има вкупно 3746 заразени лица. Во последните 14 дена стапката на ново заболени лица е зголемена за 107,7 %. Исто тка имаме зголемување за 40 % и на брзите тестови кои се користат за детектирање на позитивни лица од Ковид 19. Моментално активно заразени лица има 109, а вкупно починати лица од почетокот на пандемијата 93.
– Анализа на спроведувањето на претходните мерки донесени од страна на штабот. Општинскиот кризен штаб достави укажување – известување до сите надлежни и СВР Штип максимално да ги заострат контролите, поготово во угостителските објекти и транспортот на работници на територија на Општина Штип и во рамкие на своите надлежности да превземаат соодветни мерки во согласност со Законот за заштита на населението од заразни болести.
– Предлог нови мерки – Кризниот штаб на Општина Штип одлучи ЈП ИСар Штип во наредниот период да продолжи со следење на состојбата на градскиот пазар и да се ивршува дезинфекција на истиот. Издавањето на дозволи за движење за време на забрана за движење ќе го врши исклучиво Министерството за информатичко општество и администрација на РСМ.
Ние продолжуваме да се бориме за колективна заштита на граѓаните
Бараме подигање на личната одговорност и почитувањето на препораките кои ќе придонесат да се победи овој вирус.
Да продолжиме да ги почитуваме мерките за носење маска, миење раце и држење на дистанца, само така ќе ја намалиме бројката на новозаболени граѓани.