Денеска се одржа координативен состанок на Општинскиот Штаб за заштита и спасување во проширен состав кадешто дополнително присутни беа претставници од ЦЈЗ Штип, ДСЗИ Штип, Државен пазарен инспекторат Штип, СВР Штип, ЈЗУ Здравствен дом „Панче Караѓозов“ Штип, ПЕ МЗШВ Штип и Клиничка болница Штип.
Градоначалникот на Опшина Штип како командант на Штабот за заштита и спасување на Општина Штип после одржаниот координативен меѓуинституционален состанок даде изјава за медиуми на која ги соопшти донесените заклучоци.
На овој состанок се разговараше за моменталната состојба и идните чекори кои треба да бидат превземени од страна на институциите на локално ниво, а се важни за заштита на граѓаните и справување со настанатата ситуација со Корона вирусот, Ковид-19.
Општинскиот штаб за заштита и спасување ги донесе следните заклучоци:
1. Општинскиот штаб за заштита и спасување ќе даде дозвола за работа на приватни маркети кои ќе работат за време на викендот и ќе вршат достава до домаќинствата на кои им се потребни намирници.
2. ТППЕ Штип заврши со дезинфекција на сите влезови во станбените згради на територијата на Општина Штип и ќе продолжи со дезинфекција на улиците и јавно прометните површини.
3. Градскиот пазар на ден 10.04.2020 г. (петок) ќе работи со определено работно време, односно од 07:00 часот до 15:00 часот.
4. Мобилните тимови на Општина Штип и Црвен Крст и за време на полицискиот час ќе бидат на терен и ќе помагаат на луѓето на кои им е потребна помош за набавка на намирници.
5.Наредната недела во организација на Црвен Крст ќе се одржи крводарителска акција со цел зголемување на крвните единици.
6. ЈП „Стипион 2011“ веќе ги затвори сите детски игралишта како дополнителна заштита на граѓаните од вирусот.