Денеска, 28.07.2020 г., се одржа состанок на Општински штаб за заштита и спасување, на кој покрај државниот секретар во Министерство за здравство, Владимир Милошев и членот на Комисија за заразни болести, Сузана Маневска присуствуваа и претставници од:
Општина Штип, Јавните претпријатија, претставник од ТППЕ Штип, ЦЈЗ Штип, Инфективно одделение при ЈЗУ Клиничка Болница Штип, Здравствен дом Штип, Вишо и Основно јавно обвинителство, АРМ, СВР Штип, Гласен Текстилец, Државен пазарен и трудов инспекторат.
На овој состанок се донесоа следниве заклучоци:
1. Почитувње на уредбата за носење на заштитни маски, одржување на дистанца и дезинфицирање на рацете од страна на сите граѓани, правни лица и одговорни во правните лица, согласно законските прописи.
2. Да се избегнуваат поголеми собири посебно во затворен простор, поради заштита на здравјето на граѓаните со цел зачувување на нашите здравствени капацитети.
3. Сите заразени граѓани да ги почитуваат мерките за изолација и даваат точни информации во анкетните листови со пријавување на сите контакти.
4. Препораки до приватниот сектор, да го искористат годишниот одмор, посебно таму кадешто има заразени вработени.
5. Задолжително да продолжи да функционира Ковид координатор во сите сектори кадешто има поголема концентрација на луѓе.
6. Сите надлежни институции продолжуваат во најтесна комуникација на централно и локално ниво со примена на сите мерки за заштита на граѓаните.
Апелираме до сите сограѓани да ги почитуваат мерките и препораките, затоа што само заеднички можеме да го зачуваме колективното здравје и да излеземе како победници од оваа битка.
Ова се многу важни моменти треба сите да бидеме на ниво на задачата која ни ја носи ова време, да помогнеме на институциите и здравствените работници, со тоа го помагаме и го зајакнуваме целиот систем во борба со овој и со некои идни предизвици.