Секторот за правно нормативни работи, информирање и услуги, информатичка поддршка и општи работи ги врши следните работи:
- подготвува акти за советот и градоначалникот;
- ги подготвува седниците на советот и седниците на неговите комисии и други работни тела;
- врши стручни работи за советот и градоначалникот;
- ракува со документите на општината и ги чува се до нивното уништување, односно предавање на Државниот архив на Република Македонија;
- врши информатичко-технички работи;
- се грижи за техничко и функционално одржување на административните простории.