Секторот за образование, јавни дејности и локален економски развој ги врши следните работи:

  • ги следи законските и подзаконски акти од надлежната област и истите ги применува;
  • изготвување на одлуки и други општи и конкретни акти од надлежност на советот и градоначалникот, од областа на економскиот развој, трговијата, занаетчиството, туризмот и угостителството;
  • изготвува планови за локален економски развој;
  • иницира утврдување  на развојни и структурни приоритети, како и основи и мерки  за водење на локална економска политика  на општината;
  • иницира и развива  регионална и меѓугранична соработка;
  • учествува во координирање и водење на меѓународни проекти;
  • овозможува услови за подршка на развојот на малите и средните претпријатија,  претприемништвото, земјоделството и агроберзата;
  • го следи извршувањето на плановите и предлага мерки за нивно остварување;
  • обезбедува документациона база  на податоци за потребите на планирањето и програмирање  на економскиот развој;
  • изработка на бази на податоци за потребите на општината;
  • ги следи активностите  на невладините организации  и иницира и координира соработка со нив;
  • води евиденција, регистар, примање и обработување на пријави и обрасци предвидени со закон;
  • ги следи прописите и нивните измени и дополнувања;
  • врши анализа на состојбата и дава иницијативи и предлози за нејзино  подобрување;
  • врши и други работи што ќе  бидат ставени во негова надлежност со акт на советот или градоначалникот на општината.

 

  1. Одделение за образование и јавни дејности
  2. Одделение за економија
  3. Одделение за меѓународна соработка
  4. Одделение за рурален развој