Денеска, 23.12.2020 г., Општинската изборна комисија му го врачи уверението за избран градоначалник на Сашко Николов.
На предвремените локални избори д-р Сашко Николов од СДСМ и коалицијата со мнозинство гласови е избран за градоначалник на Општина Штип.
„Сакам да се заблагодарам на сите мои сограѓани кои на 13 декември го дадоа својот глас. Ветувам дека ќе продолжиме да работиме за интересот на граѓаните и Општина Штип ќе се движи по вистинскиот пат.
Ќе работиме на реализација на ветените проекти во мојата изборна програма,“ истакна градоначалникот на Општина Штип, Сашко Николов.
В.Д. Градоначалникот Миланов во своето обаќање му честиташе на својот наследник, Николов и му посака успешен мандат со многу нови проекти.
„Сакам да му порачам на градоначалникот дека му стојам на располагање и јас и колегите советници во следните предизвици.
Да се заблагодарам за досегашната поддршка која несебично ми ја дававте,“ истакна Јане Миланов.
Миланов и Николов посакаа среќни новогодишни празници на граѓаните на Штип со желби за многу здравје, среќа и љубов.