Во периодот од 20 до 23 септември 2022 година,еден претставник од Општина Штип учествуваа на Седмата Конференција во градот Динге Лес Баинс, Република Франција, која се одржа во рамки на проектот Spring – solidarity in progress , финансиски поддржан од Европската Унија.
Во проектот учесучествуваат 7 држави: Италија, Полска, Македонија, Германија, Шпанија, Бугарија и Франција. Целта на проектот е размена на искуства и најдобри практики во услови на криза.
Главен фокус на седмата средба од проекот беше ставен на солидарноста и помагање на социјално загрозените семејства за време на кризата и како искуството и научените лекции можат да бидат корисни.
Претставникот од Општина Штип имаше изготвено презентација за искуствата стекнати во текот на двегодишната пандемија и како сме им помогнале на социјално загрозените семејства.
На крајот на конференцијата беше најавено дека следната средба ќе се одржи во Бад Мергентеим, Германија во периодот од 06 до 09 декември 2022 година.