Во населба Пребег денес беше отворен повеќенаменски центар за сите генерации.
Оваа рекреативна содржина ќе стане ново место за игри, дружење и забава, затоа што составен дел на истото се фудбалско игралиште со вештачка трева, баскет игралиште, детски и спортски реквизити и многу урбана опрема, каде децата, младите и повозрасните ќе се дружат во текот на целата година.
Ни остануваат уште неколку населби, каде сме должни да ги збогатиме со детски и спортски реквизити.
Општина Штип продолжува со поставување на нови и забавни содржини низ цел град!