Денес вработените во Општина Штип и јавните претпријатија, реализираа заедничка акција за засадување на неколку илјади садници црн бор на месноста „Kумлак”.
Со оваа акција ќе ги зголемиме зелените површини, позитивно ќе влијаеме за почист воздух во нашиот град и подигнување на јавната свест, а ќе го унапредиме квалитетот на животната средина, преку пошумување и раззеленување на градот и околината.
Оваа акција е само почеток на низа активности во периодот што претстои, бидејќи единствен одбранбен систем и механизам за здрава средина се зелени површини насекаде околу нас.