Во посета на Општина Штип беше нејзината екселенција амбасадорката на САД, госпоѓата Анџела П. Агелер, каде оствари средба со градоначалникот Иван Јорданов.
На средбата отворено се разговараше за предизвиците, проектите, правецот на развој на Општина Штип,како и борбата против корупцијата на секое ниво во општеството.
На средбата отворено се разговараше за предизвиците, проектите, правецот на развој на Општина Штип,како и борбата против корупцијата на секое ниво во општеството.
Градоначалникот Иван Јорданов изрази голема благодарност за соработката која Општина Штип ја има со Амбасадата на САД и партнерството кои веќе долги години овозможува Штип да реализира проекти помогнати со парите на американските граѓани.
Средбата ја завршивме со покана на есен да биде гостинка на нашите познати настани и штипска пастрамајлија.