Општина Штип продолжува со партерно и хортикултурно уредување на запоставен терен во населба Леваци на ул. ,,Христијан Карпош” со нови павер елементи, осветлување и урбана опрема.
Овој проект е во вредност од 900.000 денари, сретства обезбедени од Буџет на Општина Штип.
Со ваква динамична реализација на ветените проекти ќе се продолжи и во наредниот период во сите населби во градот.