Одделението за услуги и информирање на граѓаните ги врши следните работи:
- прием на сите граѓани кои бараат услуга или информација од надлежностите на општината;
- директно-усно информирање или упатување на граѓаните на соодветното место за неговото барање;
- помагање на граѓаните во пополнување на барањата за соодветната услуга или информација;
- евидентирање/архивирање на барањето во соработка со архивата;
- следење на текот на извршување на предметите кои се предадени на извршување во задна канцеларија и информирање на граѓаните за текот и рокот кога ќе ја добие услугата или информацијата;
- соработка со одделенијата во општинската администрација, за ефикасно и навремено услужување и информирање на граѓаните, преку постојана комуни-кација на вработените во општинскиот центар за услуги на граѓаните како предна канцеларија со извршителот на предметот во соодветното одделение како задна канцеларија;
- учествува во решавањето на прашањата на припадниците на заедницата;
- врши и други работи што ќе бидат ставени во негова надлежност.