Одделението за управување со човечки ресурси ги врши следните работи:
- го спроведува организацискиот надзор на органот;
- обезбедува методолошка, организациска и техничка поддршка при изготвување на систематизацијата на работните места;
- учествува во изготвување на нацрт-правилник за работните места во општината;
- изготвува аналитички извештаи;
- планира и изведува обуки за вработените во општинската администрација;
- соработува со Одделението за внатрешна ревизија за планирањето и изведувањето на обуката за внатрешна ревизија;
- врши и други работи што ќе бидат ставени во негова надлежност.