Одделението за рурален развој ги врши следните работи:
- изготвување планови за локален рурален развој;
- изготвување на одлуки и други општи и конкретни акти од надлежност на советот и градоначалникот, од областа на руралниот развој;
- иницира утврдување на развојни и структурни приоритети, како и основи и мерки за водење на локална рурална политика на општината;
- овозможува услови за подршка на претприемништвото во земјоделието, сточарството, шумарството, водоснабдување и развој на локална агроберза;
- го следи извршувањето на плановите и предлага мерки за нивно остварување;
- обезбедува документациона база на податоци за потребите на планирањето на руралниот развој;
- изработка на бази на податоци за потребите на општината од оваа област;
- ги следи активностите на невладините организации и иницира и координира соработка со нив;
- врши и други работи што ќе бидат ставени во негова надлежност.