Одделението за правно нормативни работи, јавни набавки и поддршка на градоначалникот и советот ги врши следните работи:
- подготвува акти за советот и градоначалникот;
- ги подготвува седниците на советот и седниците на неговите комисии и други работни тела и учествува во нивната работа;
- врши стручни работи за советот и градоначалникот;
- доставува информации и податоци во врска со активностите на советот, комисиите и другите работни тела врз основа на закон;
- изготвува акти за потребите на органите на општината;
- ја застапува општината пред судовите, другите државни органи и правни лица;
- спроведува постапки за јавни набавки;
- врши компјутерска обработка на материјалите за седниците на советот, комисиите и другите работни тела на Советот на општината;
- врши и други работи што ќе бидат ставени во негова надлежност.