Одделението за општи работи ги врши следните работи:
- ракува со документите на општината и ги чува се до нивно уништување, односно предавање на Државниот архив на Република Македонија;
- врши прием на пошта и други писмени материјали, води деловодник поединечно за секторите во електронска и печатена форма;
- врши набавка на потрошен материјал и ситен инвентар;
- ги врши стручните,административно-техничките и сметководствено финансиски работи на органите на обликот на месна самоуправа;
- врши припрема, сортирање, умножување и копирање на материјалите за седници на советот и комисиите на Советот на општината;
- се грижи за техничкото и функционално одржување на зградата на локалната самоуправа;
- врши достава на сите писмени материјали до членовите на советот и другите правни и физички лица;
- врши одржување и сервисирање на возниот парк;
- врши и други работи што ќе бидат ставени во негова надлежност.