Одделението за меѓународна соработка ги врши следните работи:
- изготвување планови за регионална и меѓугранична соработка;
- иницира и развива регионална, меѓугранична и меѓународна соработка;
- учествува во координирање и водење на меѓународни проекти;
- изготвување на одлуки и други општи и конкретни акти од надлежност на советот и градоначалникот, од областа на меѓународната соработка;
- ги следи законските и подзаконски акти од областа на трговијата, занает-чиството, туризам и угостителство и истите ги применува;
- иницира утврдување на развојни и структурни приоритети;
- обезбедува документациона база на податоци за потребите на планирањето и програмирање на меѓународната соработка;
- изработка на бази на податоци за потребите на општината;
- ги следи активностите на невладините организации и иницира и координира соработка со нив;
- ја следи состојбата, предлага мерки за нејзино унапредување;
- врши и други работи што ќе бидат ставени во негова надлежност со акт на советот или градоначалникот на општината.