Одделението за буџетска координација и контрола, координација и контрола на јавни набавки ги врши следните работи:
- подготовка на буџетот на општината и негова измена и дополнување;
- подготовка на стратешкиот план на општината и негова измена и дополнување;
- следење на извршувањето на буџетот на општината;
- изготвување на информации и извештаи за извршувањето на буџетот;
- следење и примена на законската регулатива од областа на буџетското работење;
- изготвување на годишни, квартални и месечни финансиски планови за буџетот на општината и неговите органи во состав и единки на корисници согласно законските прописи;
- дава мислење по предлог на актите што ги изготвуваат другите организациони единици во општината и предлог актите на другите субјекти кои имаат или можат да имаат финансиски импликации за буџетот на општината;
- подготовка на извештај на реализирани програми, проекти и договори, согласно Законот за јавна внатрешна финансиска контрола;
- подготовка на извештај за активностите за воспоставување и развој на финансиското управување и контрола, согласно Законот за јавна внатрешна финансиска контрола;
- следење и примена на законската регулатива (закони, подзаконски акти, прописи, стандарди, упатства) од областа на финансиската контрола;
- подготовка на записници и извештаи за извршените контроли;
- вршење на проценки на ризик на процесите на финансиското управување и контрола;
- вршење на самопроценки на одделни процеси на системот на финансиското управување и контрола, врз основа на извршена проценка на ризик и подготовка на извештај за спроведените самопроцени, согласно Законот за јавна внатрешна финансиска контрола;
- математичка, формална и контрола на регуларноста на сметководствената документација пред да се изврши плаќањето врз основа на изготвени листи за проверки;
- целокупна контролана сметководствената документација после извршувањето на плаќањето;
- вршење проверка на исправноста на фактурите доставени врз основа на склучени договори за набавка и нивна усогласеност со испратниците/работните налози и порачките;
- контрола на налозите за порачки до соодветните добавувачи согласно со склучените договори за набавки и следење на реализацијата на порачките.