Одделението за административна поддршка на градоначалникот ги врши следните работи:
- ги средува и чува сите писмени акти за потребите на градоначалникот;
- закажува и води потсетник за закажани состаноци и средби на градоначалникот;
- врши прием на доставените писмени материјали, ги проследува до градоначалникот и надлежните одделенија и сектори;
- ги координира и соработува со одделенијата во подготвување на јавни настапи и односи со медиумите;
- ги пренесува сите соопштенија до јавноста и медиумите по задача на градоначалникот;
- води грижа за комуникацијата на странки кај градоначалникот;
- ги организира и подготвува состаноците кај градоначалникот;
- организира протоколарни приеми, посети, средби и состаноци кај градона-чалникот и претседателот на советот;
- организира одбележување на државни и општински празници, значајни настани и личности во општината;
- врши подготовка и ги организира службените патувања на градоначалникот во земјата и странство.