Одделението за инспекциски надзор на разни надлежности на општината ги врши следните работи:
- инспекциски надзор во извршувањето на законите, другите прописи и општи акти во воспитно-образовните установи основани од Општина Штип;
- инспекциски надзор на утврдувањето и наплатата на даноците на имот или согласно Законот за данок на имот;
- проверка на состојбите и вредноста на недвижниот имот кој треба да биде предмет на оданочување;
- инспекциски надзор над угостителството-вршители на угостителска дејност од мал обем, согласно Законот за угостителска дејност;
- инспекциски надзор на туристичка дејност-вршители на туристичка дејност од мал обем, согласно Законот за туристичка дејност и Законот за вршење занаетчиска дејност;
- инспекциски надзор во област на комуналните работи утврдени со Законот за комунални дејности и други закони од оваа област;
- предлага мерки за спречување на незаконитоста во работењето на воспитно-образовните институции согласно Законот за средно образование и Законот за основно образование;
- го известува Советот на општината и градоначалникот за извршениот инспекциски надзор;
- врши други работи што ќе му бидат ставени во надлежност.