На Плоштадот “Слобода”, во организација на Општина Штип на 24 и 25 Декември се одржа Новогодишен базар. Настанот изобилуваше со многубројни музички артисти, кои со својата музика и настап примамија голем број на посетители.
На самиот плоштад беа поставени новогодишни штандови на кои граѓаните ги изложија своите рачни изработки во новогодишен и божиќен дух. Сето ова беше надополнето со многу детски артисти, жонглери и фрлачи на оган кои измамија многу среќни детски насмевки.
Ова беше една успешна предновогодишна приказна, која ќе ја продолжиме и во наредните години.