Градоначалникот на општина Штип, Иван Јорданов, денес ја презентираше програмата и визијата за нашиот град со реализирани над 130 проекти.
Изминатите 365 дена беа исполнети со бројни предизвици, но беа надминати благодарение на вербата во успех и потребата да се покаже целокупната одговорност која е дадена од нашите граѓани.
Изминатиот период го посветивме на развој на инфраструктурата, подобрување на условите во образованието, реконструкција и изведба на нови спортски и детски содржини, зголемување на општинските буџетски приходи, поддршка на младите, ранливите групи, бизнис секторот, жените и најмладите.
Со реализација на тековните проекти сите ја забележуваме промената во нашиот град.