Ова е мошне важен историски споменик на градот. Се наоѓа на самиот влез во Штип. Според податоците, мостот бил изграден во 1672 година и спаѓа во ретките примероци на турската архитектура. Мостот го добил името по султанот Ќучук Емир. За време на првата Балканска војна преку овој мост поминувала демаркационата линија, која градот го делела на српски и бугарски дел.
Населбите од левата страна на река Брегалница биле под бугарска власт, додека оние од десна страна потпаднале под српска окупација. Во минатото со оглед на големиот водостој, мостот имал мошне важна комуникациска улога, но денес со намалувањето на водата во реката Брегалница, има повеќе историско – архитектурно значење.