Број на невработено население
ДЕЛОВНИ ИНФОРМАЦИИ
Општината Штип е позната како индустриски регион со развиени индустриски гранки, но со особено развиена текстилна и кожарска индустрија. Во регионот работат многу модни конфекции меѓу кои исклучително по профитабилноста и значајноста на брендовите се истакнуваат неколку: Албатрос, Кит – Го, Модена, Мавис, Максима, Грација, Беас – С, Бритекс, Штипко, Штип – текс, Вивенди, Милано, Ескада и многу други.
Развојот на индустријата се планира и преку слободната индустриска зона. Во Општина Штип вкупната аграрна површина изнесува 31.757 хектари, од кои 9.906 хектари се обработливи површини.
Во Штип се наоѓа најголемата Технолошка индустриска развојна зона, со површина од 206.45 хектари. Лоцирана е северозападно од градот Штип, при влез од правец на Скопје. ТИРЗ Штип има патна поврзаност со Скопје и Кочани. На 2,5 километри од неа се наоѓа железничката станица, а најблискиот меѓународен аеродром е Александар Велики во Скопје на 75 километри, додека Солунското пристаниште е оддалечено 225 километри.
Во зоната активно оперираат три компании од кои една компанија се занимава со производство на производи наменети за автомобиската индустрија, една компанија се занимава со технички текстил и третата компанија се занимава со топлотни разменувачи за бојлери.
Од аспект на интерните локални прехрамбени производи, на врвот се наоѓа познатата штипска пастрмајлија. Како бренд на градот може да се најде во сите штипски ресторани.