На едно израмнето карпесто плато, на левата страна од реката Отиња, е поставена црквата „Свети Спас“. Оваа црква со својата тивка убавина постојано го привлекува погледот и вниманието на минувачите. Тоа е еднокорабна црква за која се смета дека ја подигнал војводата Димитар во 1369 год. Живописот од XIV век не е сочуван. Второто живописување било изведено во 1601 година, од страна на зографот Јован, кој се потпишал на грчки јазик. Околу неа има некропола со гробови со различна временска припадност.
СПОДЕЛИ