По патот што води кон тврдината на источната страна на ридот, се стигнува до црквата Св. Архангел Михаил што е средновековна црквичка, подигната во првата половина на XIV век, од страна на протосевастот Хрелја, а во 1334 год. е приложена кон Хиландар од страна на Цар Душан. Таа е еднокуполна црква, чија основа е со форма на впишан крст. Фасадата е декорирана со блокови од обработен камен, така што посебно се издвојува западната фасада каде се наоѓа единствениот влез во црквата. Впечатливо е и дворното место во кое се влегува преку камена порта со полукружен главен влез и два споредни – еден до друг.
СПОДЕЛИ