Во центарот на Штип се наоѓа објект што по својата архитектура потсетува на средновековен исламски пазар. Се вика Безистен. Името потекнува од турски збор што во превод значи: пазар. Нема точни податоци за изградбата, но се претпоставува дека датира од времето помеѓу 16 и 17 век. Бил користен како пазарен центар за размена и продажба на разни стоки. Безистенот бил уништен во пожар за време на војната помеѓу Австрија и Турција. Безистенот е изграден од полн камен. Има правоаголна основа и три издвојувања во висина, од кои последната е куполата. Во внатрешноста има три простории и впечатлив свод, односно купола. Секој од ѕидовите има мали прозорци за да може во внатрешноста да влегува светлина. Денес објектот се користи за културни перформанси: изложби, промоции на книги, сликарски дела, мини-концерти и сл.
СПОДЕЛИ