Одделението за сметководство и плаќање ги врши следните работи:
- следење и примена на законската регулатива од областа на сметководствено, материјално и финансиско работење;
- секојдневно водење на благајнички работи и трезор;
- пресметка и исплата на платите на вработените;
- подготвување на завршна сметка и периодични извештаи за извршувањето на буџетот на општината;
- подготовка на основните финансиски извештаи (биланс на состојба, биланс на приходите и расходите, консолидиран биланс на капиталниот имот, биланс на задолжување и белешки/образложение кон финансиските извештаи;
- сметководствено евидентирање на достасаните обврски и основните средства на општината;
- исплата по сметководствена документација;
- подготовка на извештај за планирани и потрошени средства по ставки (споредбен табеларен приказ) согласно Законот за јавна внатрешна финансиска контрола.