Природни карактеристики
Подрачјето на Штип има претежно планинска и ридска местоположба. Се карактеризира со умерено – континентална клима со одредено влијание на изменета медитеранска клима. Просечната годишна темперетура е 12,9 степени целзиусови. Највиоски температури се измерени во август а најниски во јануари. Ветровите дуваат преку целата година. Од 365 дена во годината, во Штип 270 дена има струење. Ваквата состојба резултира со претежно чист воздух. Во последните две години шпански, словенечки, италијански и канадски фирми пројавија интерес за искористување на ветрот преку изготвување на поле со ветерници за производство на енергија.