Патна мрежа


Патната мрежа во Општина Штип има вкупна должина од 377,4 км, од кои 47,0 км (12,45%) се магистрални патишта, 22,4 км (5,94%) се регионални патишта и преостанатите 308,0 км (81,61%) се локални патишта. Од целокупната патна мрежа на општина Штип, 230,4 км (61,05%) патишта ја сочинуваат уличната мрежа во урбанизираните населени места. Останатите 147,0 км (38,95%) отпаѓаат на патиштата што ги поврзуваат населените места во рамките на општината.

Во Штип се стигнува преку магистралниот пат М-5 (Штип – Кочани – Делчево) кој има врска со автопатот Е-75 (Скопје – Гевгелија) благодарение на патниот правец Штип – Велес. Постојат и регионалните патни правци Р – 601 (Штип – Планина Плачковица) и Р-526 кој поминува низ самиот град и се конектира на магистралата М-5. Во план е изгардба на нов патен правец (Штип – Миладиновци) кој ќе го скрати патувањето до метрополата Скопје.

Автопат Штип - Скопје

Експресен пат Штип - Радовиш

Експресен пат Штип - Кочани



Низ Општина Штип поминуваат следниве патните правци:


  • Автопат

А4 Штип – Свети Николе – Миладиновци – Скопје е прв автопат во источниот дел на државата, кој е пуштен во употреба во 2019 година. Автопатот се поврзува со коридорот 10 и со Република Бугарија. Со овој автопат патувањето од Скопје до Штип и другите градови во Источна Македонија се скратува и се олеснува транспортот на стоки во овој дел од државата.

Автопатот ја поврзува општината со граничните премини:

Табановце – делница Миладиновци – Куманово – граница со Република Србија – граница со Република Грција.

Богородица – делница Миладиновци – Велес – Неготино – Гевгелија.


  • Магистрални патишта

А4 – делница: Штип – Радовиш – Струмица – граница со Република Бугарија, граничен премин Ново Село кај Ново Село,

А3 – делница: Велес – Штип – Кочани-Делчево се поврзува со Република Бугарија, граничен премин Делчево кај Делчево.


  • Регионални патишта

Р1205 кој поминува низ Пробиштип и Кратово, претставува главна врска со Коридорот 8 – делница Куманово – Крива Паланка, односно со граничните премини Табановце кај Куманово со Република Србија и Деве Баир кај Крива Паланка со Република Бугарија.

Р1204 – делница Кадрифаково – Штип – Софилари (врска А4),

Р2 334 – делница Штип – Карбинци – Аргулица,

Патната мрежа во Општина Штип има вкупна должина од 377,4 км, од кои 47,0 км (12,45%) се магистрални патишта, 22,4 км (5,94%) се регионални патишта и преостанатите 308,0 км (81,61%) се локални патишта. Од целокупната патна мрежа на општина Штип, 230,4 км (61,05%) патишта ја сочинуваат уличната мрежа во урбанизираните населени места. Останатите 147,0 км (38,95%) отпаѓаат на патиштата што ги поврзуваат населените места во рамките на општината.

Водоснабдување

Водоснабдувањето за комунални и индустриски потреби на подрачјето на општина Штип се врши преку каптирани извори од поединечни локални или групни водоводни системи.
Водоснабдувањето за комунални и индустриски потреби го врши ЈП Исар со РЕ Водовод и канализација со дејностите: Производство и дистрибуција на вода за пиење, Колектирање, пречистување и одведување на отпадна вода. Јавен водоводен систем има изградено во градот и уште во 4 селски населби (Три чешми, Караорман, Долани и Драгоево). Тие се снабдуваат од подземни води кои се резултат на инфилтрација на речната вода на реката Брегалница која преку хидраулична врска со водоносните слоеви се акумулира во приобалните водни басени, а од 2022 година вода за пиење се користи и од Хидросистемот „Злетовица“.

Од вкупно 44866 жители на градот Штип на водоводната мрежа се приклучени околу 90%.
Вкупниот број на приклучоци изнесува 12.791 од кои 11.975 се за домаќинства
и 806 се за индустрија.

 

Должината на водоводната мрежа изнесува 125км и е со следнава структура:

  • Челични цевки (3,75 км)
  • Лиено-железни цевки (1,25 км)
  • Азбест-цементни цевки (42,5 км)
  • Пластични цевки (23,75 км)
  • Поцинковани цевки (53,75 км)

Селското население во 43 населби со вкупно 4642 жители се снабдува со вода за пиење и комунални потреби од природни извори во најголем случај.
Останатите населби го решаваат проблемот со водоснабдувањето преку јавни чешми (од каптирани локални извори) и индивидуални или јавни копани бунари.
Водоснабдувањето на населението и индустријата е многу значаен фактор во обезбедување на хигиенските, здравствените и воопшто животните услови за населението, економски фактор во индустриското производство и секако основа за идниот севкупен развој на градот.

Како индикатор за зголемување на пазарот се жителите на градот чиј број согласно направените прогнози во Генералниот урбанистички план, во 2010 год. би изнесувал 50.546 жители.
Проширувањето на површината на која претпријатието ќе обезбедува услуги, ќе ја следи реализацијата на урбанистичките планови, како и приклучувањето на градскиот водоводен систем на постоечките населби кои се водоснабдуваат од други извори.

Табела: Водоснабдителни норми во л/ден/жител за период од 2000-2010 год.

Период 2000 год. 2005 год. 2010 год.
Градско население
л/ден/жител
250 280 310

 

Табела: Вкупни годишни потреби на населението за период од 2000-2010 год.

Период 2000 год. 2005 год. 2010 год.
Градско население

м3/годишно

4.516.875 5.416.600 6.392.97

 

Табела: Вкупни годишни потреби на населението за период од 2000-2010 год.

Период 2000год. 2005год. 2010год.
Градско население 200.52 240,46 283,70
Индустрија л/сек 94,91 115,74 283,70
Вкупно л/сек 295,43 356,20 420,20

Населени места

Општина Штип вклучува 71 населено место, меѓу кои:

Балталија, Брест, Врсаково, Горачино, Доброшани, Долани, Драгоево, Едеклерци, Јамуларци, Калапетровци, Кошево, Криви Дол, Лакавица, Лесковица, Липов Дол, Љуботен, Никоман, Ново Село, Пенуш, Пиперово, Сарчиево, Селце, Скандалци, Софилари, Стар Караорман, Степанци, Суво Грло, Судиќ, Сушево, Танатарци, Тестемелци, Топлиќ, Три Чешми, Хаџи-Реџепли, Хаџи-Сејдели, Хаџи-Хамзали, Црешка, Чардаклија, Чифлик, Шашаварлија, Шопур.

Една од најстарите населби во Штип е Ново Село. Иако точни податоци за периодот на формирањето на населбата нема, се претпоставува дека како посебна населба Ново Село постоело уште пред тринаесеттиот век.