Градоначалникот на Општина Штип Иван Јорданов присуствуваше на настанот организиран од Универзитет “Гоце Делчев” по повод 15 години од неговото основање. Пред положувањето на цвеќе во дворот на ректоратот, Градоначалникот беше гостин во кабинетот на Ректорот Блажо Боев, каде истакна дека преку постојаното осовремување на студиите и создавањето на вистинско знаење, веќе 15 години го трасира патот и дава информација за тоа каков треба да биде еден Универзитет. УГД како високообразовна институција создава кадар кој успешно и амбициозно ја превзема одговорноста за својата и иднината на идните генерации.
СПОДЕЛИ