ул. Васил Главинов 4Б, 2000 Штип • +389 32 22 66 50
Република Северна Македонија

Општина Штип

Проекти

Одржана Втора работилница за подготовка на Заедничка стратегија за зелена инфраструктура (2025 – 2035)

Одржана Втора работилница за подготовка на Заедничка стратегија за зелена инфраструктура (2025 – 2035)

Општина Штип и Центарот за развој на Источен плански регион продолжуваат со спроведување на процесот за изработка на првата Заедничка стратегија за зелена инфраструктура (2025 – 2035) за Источен плански регион и Општина Гоце Делчев, Р. Бугарија.

Целта на втората работилница, што се одржа на 28 мај 2025 година (среда) во Хотел “ОАЗА” – Штип, беше запознавање на учесниците со поимот на SWOT анализа и истите низ работа во групи изработија SWOT анализа за Источниот плански регион.

Во текот на работниот ден, учесниците дефинираа проблеми, силни и слаби страни, можности и закани. Посебен дел беше посветен за дефинирање на долгорочна визија за Источниот плански регион. Процесот, понатаму ќе продолжи со утврдување на главни стратешки области, цели и приоритети на Заедничка стратегија за зелена инфраструктура (2025 – 2035) за Источен плански регион и општина Гоце Делчев.

Изработката на првата Стратегија за зелена инфраструктура е финансирана во рамки на проектот: “ТРАНСФОРМИРАЊЕ НА УРБАНИТЕ ДЕЛОВИ СО ЗЕЛЕНА ИНФРАСТРУКТУРА” ECOSCAPE BGMK0300060, подржана од Програмата за прекугранична соработка Интеррег-ИПА Бугарија-Северна Македонија INTERREG VI-A IPA 2021-2027.

Facebook
X
LinkedIn
Print
Email
Започни бизнис
Поволности – ТИРЗ
Започни бизнис
Упис на ДОО/ДООЕЛ
Започни бизнис
Упис на трговец – поединец