ул. Васил Главинов 4Б, 2000 Штип • +389 32 22 66 50
Република Северна Македонија

Општина Штип



Facebook


Instagram


X-twitter


Viber


Whatsapp


Envelope

Иван Јорданов

Лични податоци:

Роден: 21 Јули 1988, Штип

Партија: ВМРО-ДПМНЕ

Статус: оженет, татко на две деца

Образование: Магистер по менаџмент на човечки ресурси

Иван Јорданов е роден на 21 јули 1988 година во Ново Село, Штип. Основното образование го завршил во Штип, а средното образование во СОУ „Љупчо Сантов“ во Кочани. Во 2010 година дипломирал на Економскиот факултет при Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип, на отсекот Меѓународна економија.
Магистрирал на Меѓународниот славјански универзитет „Гаврило Романович Державин“, каде што се стекнал со звање магистер по менаџмент на човечки ресурси. Зборува англиски јазик.
Во 2014 година се вработил во Управата за јавни приходи во Штип, најпрво како асистент за поврат, пребивање и насочување на данок, а подоцна како асистент за утврдување на данок на физички лица.
Уште во средношколските денови покажал организациски и лидерски способности. Од 2012 до 2016 година бил претседател на Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ во Штип, по што продолжил со политичкиот ангажман како претседател на Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ во Штип. Од 2014 година бил и член на Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ.
Од 2013 до 2020 година бил советник во Советот на Општина Штип.
Во 2020 година бил избран за пратеник во Собранието на Република Македонија од редовите на ВМРО-ДПМНЕ. Во текот на пратеничкиот мандат учествувал во работата на повеќе комисии, меѓу кои Комисијата за финансирање и буџет, Комисијата за економија и Комисијата за локална самоуправа. Бил и член на неколку пратенички групи за соработка со парламентите на други земји.
Живеејќи постојано во Штип, Иван Јорданов добро ги запознал своите сограѓани, нивниот менталитет, како и нивните проблеми и потреби. Водејќи се од своите демохристијански убедувања, тој ги темели своето живеење и работење врз високи морални и етички принципи. Својата визија за подобро уреден, чист и зелен град, кој ќе биде подобро место за живеење, ја преточил во својата програма за градоначалник.
На локалните избори во 2021 година, Иван Јорданов бил избран за градоначалник на Општина Штип. На локалните избори во октомври 2025 година повторно ја добил довербата на граѓаните и бил избран за градоначалник на Општина Штип за втор мандат.
Во вториот мандат продолжува да ја извршува функцијата градоначалник на Општина Штип, со фокус на развојот на општината, унапредувањето на инфраструктурата, подобрувањето на комуналните услуги и создавањето подобри услови за живот на граѓаните.