ул. Васил Главинов 4Б, 2000 Штип • +389 32 22 66 50
Република Северна Македонија

Општина Штип

Одделение за инспекциски надзор

Одделение за инспекциски надзор

Одделението за инспекциски надзор на разни надлежности на општината ги врши следните работи:

  • инспекциски надзор во извршувањето на законите, другите прописи и општи акти во воспитно-образовните установи основани од Општина Штип;
  • инспекциски надзор на утврдувањето и наплатата на даноците на имот или согласно Законот за данок на имот;
  • проверка на состојбите и вредноста на недвижниот имот кој треба да биде предмет на оданочување;
  • инспекциски надзор над угостителството-вршители на угостителска дејност од мал обем, согласно Законот за угостителска дејност;
  • инспекциски надзор на туристичка дејност-вршители на туристичка дејност од мал обем, согласно Законот за туристичка дејност и Законот за вршење занаетчиска дејност;
  • инспекциски надзор во област на комуналните работи утврдени со Законот за комунални дејности и други закони од оваа област;
  • предлага мерки за спречување на незаконитоста во работењето на воспитно-образовните институции согласно Законот за средно образование и Законот за основно образование;
  • го известува Советот на општината и градоначалникот за извршениот инспекциски надзор;
  • врши други работи што ќе му бидат ставени во надлежност.

Комунална инспекција