| На 11 септември 2025 година во хотел Изгрев во Штип се одржа Третата работилница за подготовка на Заедничката стратегија за зелена инфраструктура (2025 – 2035) за Источен плански регион (Р. С. Македонија) и Општина Гоце Делчев (Р. Бугарија), во рамки на проектот “ТРАНСФОРМИРАЊЕ НА УРБАНИТЕ ДЕЛОВИ СО ЗЕЛЕНА ИНФРАСТРУКТУРА” EcoScape BGMK0300060.
На работилницата се дефинираа стратешки цели и приоритети за развој на Зелената инфраструктура во Источниот плански регион, врз основа на претходно утврдената визија за 2035 година. Воедно се работеше и на алатки, техники и добри практики за активно учество на јавноста и мониторинг на спроведувањето на стратешкиот документ. Учесниците, преку структурирана дискусија, групна анализа и приоритетна матрица, извршија мапирање на реалните предизвици и ресурси, и предложија насоки како основа за формулирање на стратешките цели и приоритети. На работилницата учество зедоа 35 учесници од повеќе институции со рамки на Источниот плански регион, кои дадоа придонес кон исполнувањето на целта на работилницата. Изработката на првата Стратегија за зелена инфраструктура е финансирана во рамки на проектот: “ТРАНСФОРМИРАЊЕ НА УРБАНИТЕ ДЕЛОВИ СО ЗЕЛЕНА ИНФРАСТРУКТУРА” ECOSCAPE BGMK0300060, финансиски подржан од Програмата за прекугранична соработка Интеррег-ИПА Бугарија-Северна Македонија INTERREG VI-A IPA 2021-2027.
|









