| Општина Штип и Центарот за развој на Источен плански регион продолжуваат со спроведување на процесот за изработка на првата Заедничка стратегија за зелена инфраструктура (2025 – 2035) за Источен плански регион и Општина Гоце Делчев, Р. Бугарија.
Целта на втората работилница, што се одржа на 28 мај 2025 година (среда) во Хотел “ОАЗА” – Штип, беше запознавање на учесниците со поимот на SWOT анализа и истите низ работа во групи изработија SWOT анализа за Источниот плански регион. Во текот на работниот ден, учесниците дефинираа проблеми, силни и слаби страни, можности и закани. Посебен дел беше посветен за дефинирање на долгорочна визија за Источниот плански регион. Процесот, понатаму ќе продолжи со утврдување на главни стратешки области, цели и приоритети на Заедничка стратегија за зелена инфраструктура (2025 – 2035) за Источен плански регион и општина Гоце Делчев. |
Изработката на првата Стратегија за зелена инфраструктура е финансирана во рамки на проектот: “ТРАНСФОРМИРАЊЕ НА УРБАНИТЕ ДЕЛОВИ СО ЗЕЛЕНА ИНФРАСТРУКТУРА” ECOSCAPE BGMK0300060, подржана од Програмата за прекугранична соработка Интеррег-ИПА Бугарија-Северна Македонија INTERREG VI-A IPA 2021-2027.









