ул. Васил Главинов 4Б, 2000 Штип • +389 32 22 66 50
Република Северна Македонија

Општина Штип

Соопштенија

Покана за јавен состанок – План за обновување на средствата за живот (ПОСЖ) – Ветерен парк штип

Покана за јавен состанок – План за обновување на средствата за живот (ПОСЖ) – Ветерен парк штип

Почитувани граѓани,
Ве покануваме да присуствувате на јавен состанок за презентација на Планот за обновување на средствата за живот (ПОСЖ), кој е развиен како дел од пакетот за објавување на ОВЖССА за Проектот Ветерен парк Штип.
Состанокот е наменет за сите засегнати страни, вклучувајќи:
  • Лица кои ќе бидат директно засегнати од проектот
  • Сопственици и закупци на земјиште
  • Корисници на земјиште долж проектната област
  • Концесионери
  • Релевантни заедници и други заинтересирани страни
Локација: Хотел Оаза – Сала за конференции
Датум и време: 01.04.2026 (среда), 16:00 часот
На состанокот ќе се презентираат:
  • Проектот и можните влијанија врз средствата за живот на локалното население
  • Целта и главните елементи на Планот за обновување на средствата за живот
  • Кој може да има право на поддршка според Планот и општиот пристап за поддршка
  • Предложените мерки за поддршка
  • Следни чекори и идно вклучување на засегнатите лица
  • Начините за поднесување прашања и поплаки преку механизмот за поплаки
  • Како повратните информации од засегнатите страни ќе бидат земени во предвид
За повеќе информации, посетете ја нашата веб-страница: www.stipwindfarm.mk
Ве очекуваме да се приклучите и да дадете свој придонес за подобро планирање и имплементација на проектот.
Facebook
X
LinkedIn
Print
Email