На 27 февруари 2025 год. во просториите на ЗЕЛС се одржа работна средба како дел од Менторската програма за интегрирање на родвата еднаквост во локалните програми која ЗЕЛС ја спроведува со поддршка на Канцеларијата на UN Women Во Скопје, а во рамките на проектот „Промовирање на родово одговорни политики и буџети:Кон транспарентно, инклузивно и отчетно управување во Република С. Македонија“ – фаза 2.
На работната средба беа поканети претставници од шест општини : Штип, Битола, Охрид, Кочани, Кисела Вода, Демир Хисар од општинската администрација, и тоа координатори/ки за еднакви можности и членови на интерсекторската работна група за родовоодговорно буџетирање на општините, како и членови на Локални совети за женско претприемништво.
Од Општина Штип присуствуваа координаторката за еднакви можности, Снежана Санева, раководителката на Одделението за буџетска координасија Ивана Трендафимова и советникот од Одделението за Локален економски развој , Лазар Соколовски.
На работилницата беа презентирани резултатите од направената анкета на граѓани од општините за развојот на женско претприемништво. Од Општина Штип беа дадени информациите од пополнетите прашалници од над 200 граѓани/ки. На работната средба зеде учество и претседателката на ЗЕЛС Душица Перишиќ како и советничката за обуки во ЗЕЛС Ирена Николов. Од Канцеларијата на UN Women беа присутни експертки Гордана Несторовска, Катерина Партинова и Бранка Минчева Коцевска. Се дискутираше за можностите кои ги имаат општините за помош и поддршка во развивањето на женското претприемништво. Во рамки на дискусијата беше констатирано дека Општина Штип има потенцијал да помогне во поттикнувањето на жени претприемачки кои би сакале да започнат свој бизинс. Меѓу другото, се нагласи дека е мошне значајно да има добра координација помеѓу институциите, како што се Центрите за вработовање и Центрите за социјална работа кои имаат бази на податоци за граѓани кои се потенцијални корисници на ваков вид поддршка. Важно е да се прошират програмите на општините со проекти кои би биле во насока на поттик женското претприемништво. Во иднина е потребно и да се изготват стратешки документи со кои ќе може да се планира развивање на женското претприемнштво и еконоското зајакнување на жените.