Почитувани,
Центарот за развој на Источниот плански регион во име на Министерството за животна средина и просторно планирање, Ве поканува на јавна расправа по Нацрт-Просторниот план на Република Северна Македонија 2040, која ќе се одржи на 15 октомври 2026 година (четврток), со почеток во 11:00 часот, во Салата на Советот на Општина Штип.
Јавната расправа се организира со цел презентација на Нацрт-Просторниот план и овозможување активно учество на единиците на локалната самоуправа, институциите, стручната јавност, засегнатите страни и граѓаните во процесот на подготовка на овој значаен стратешки документ.
Со оглед на значењето на Просторниот план за идниот просторен и регионален развој, Ве замолуваме да го проследите овој повик до релевантните институции, организации, компании, граѓански организации и други засегнати страни од Вашата општина, за кои сметате дека можат да дадат свој придонес преку учество и доставување мислења, предлози и забелешки.
Дополнително, Ве замолуваме информацијата за одржувањето на јавната расправа да ја објавите и на официјалната веб-страница на Вашата општина, со цел навремено информирање и вклучување на пошироката јавност.