Почитувани,
Општина Штип распишува Конкурс за доделување на признанието „8 Ноември“ за 2025 година, кое традиционално се доделува како знак на признание за исклучителни достигнувања и придонес во развојот и афирмацијата на градот.
Во прилог ви ги доставуваме условите за учество на Конкурсот, во кои се објаснува кој сè може да поднесе предлог и под кои услови. Признанието е наменето за физички и правни лица од Штип и пошироко, кои во текот на изминатата година придонеле за напредок на општествениот живот во различни области – како што се стопанството, науката, културата, спортот, уметноста, хуманоста и други. Секој предлог треба да биде соодветно образложен и придружен со кратка биографија на кандидатот, како и со целосни податоци за предлагачот.
Конкурсот трае 15 дена од денот на објавувањето. Предлозите се доставуваат до Комисијата за доделување на награди при Општина Штип, на ул. „Васил Главинов“ бб, или во архивата на Општина Штип.
Со почит,
Општина Штип


