На 2 декември 2025 година, во Конференциската сала на Општина Штип се одржа значајна работилница (Action Lab) во рамките на програмата URBACT Pioneers Accelerator. На настанот учествуваа 20 претставници од општинската администрација, јавните комунални служби, локалните институции, граѓанскиот сектор и самите граѓани, под фасилитација на Биљана Радоњанин, локален URBACT ментор за Северна Македонија.
Главната цел на сесијата беше да се соберат клучните чинители со цел да се рефлектираат тековните урбани предизвици, да се усогласат перспективите и колективно да се потврди насоката на веќе дефинираната градска визија. Преку структурирано формулирање на проблеми, мапирање на засегнати страни и дефинирање на клучни прашања („How Might We?“), учесниците работеа на оптимизација на урбаните системи и подобрување на ефикасноста на услугите.
- Учесниците заклучија дека одржливите промени бараат не само технички и организациски решенија, туку и зајакната соработка меѓу институциите и граѓаните.
- Беше потврдено силно институционално и граѓанско партнерство, што претставува цврста основа за транзиција од визија кон конкретна имплементација.
- Во следниот период акцентот ќе биде ставен на разјаснување на улогите за имплементација и дефинирање конкретни чекори за видливи резултати на терен.


